(ВИДЕО) Заев: Повелете на Струмица опен фест и уживајте во богатата понуда

Од:

Со настапот на најмладите и талентирани струмичани на отворената сцена на градскиот плоштад „Гоце Делчев“, вчера вечер и официјално започна третото издание на „Струмица опен фестивал 2014“.

Во нивниот настап, заедно со своите сограѓани, уживаше и градоначалникот, Зоран Заев. Тој, упати јавна покана до сите граѓани на Струмица и Македонија, во следните единаесет дена да присуствуваат на десетте отворени сцени на кои ќе бидат изведени вкупно 28 културно – забавни настани.

strumicaOpen-pocetok-2014 (4)

– Овој наш, струмички фестивал е поразличен од било кој фестивал во Македонија, затоа што во него се вградени сите аспекти на културата и уметноста што ги познава Македонија. Нудиме вечери на поезијата, на театарот на филмот, на афоризмот, промоција на книги, концерт на лица со телесен инвалидитет, ревии на носии и многу други, а секако и отворени музички сцени со настапи на изведувачи од сите музички жанрови од домашната и странската естрада.

Strumica openfest 2

– Новина е што овој пат и во две населени места, во Просениково и Муртино, во недела ќе имаме поп концерти и сето ова заедно ќе го направи овогодишното издание на струмичкиот фестивал посебно. Настаните ќе се одржуваат овде на градскиот плоштад, во големиот и малиот парк, во амфитеатарот, покрај езерцето и на други локации на територијата на општина Струмица, каде ќе понудиме незаборавни моменти за сите оние кои ќе дојдат да го посетат фестивалот.

strumicaOpen-pocetok-2014 (1)

– Годинава очекуваме да  надминеме над 200 илјади посетители и сакам однапред да кажам, дека сите безбедносни мерки со сите институции вклучени во организацијата на фестивалот се обезбедени, сигурноста и безбедноста е на највисоко ниво, вклучени се и општински и државни институции и со тоа сакаме на граѓаните да им понудиме вистинско уживање во богатата културна понуда и на момент да заборават на секојдневните грижи и да уживаат во третото издание на Струмица опен фестивал, изјави вечерва градоначалникот Заев.

strumicaOpen-pocetok-2014 (3)

Во рамките на првата фестивалска вечер, на познатата леблебиџиска улица во тек е забавата со рок бендот The Hounds.

strumicaOpen-pocetok-2014 (7)

 

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица