ВИДЕО: Градоначалникот Заев оствари средба со амбасаодорот на Унгарија

Од:

Градоначалникот на општина Струмица денеска одржа средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, д-р Јожев Бенце.

На средбата беа отворени првите можности за соработка и збратимување помеѓу Струмица и општини од Унгарија и продлабочување на економската соработка, посебно во извозот на земјоделските производи со кои изобилува струмичкиот регион.

-Отворивме многу теми во кои ја искористив можноста на амбасадорот да му ги презентирам сите наши посебности, сето она што не прави една од најдобрите општини во Македонија, од што живее нашиот народ, каков вид на индустрија имаме и секако за нашето огромно земјоделско производство. Можноста која што Унгарија ја пружа како земја со која може многу да соработуваме, е токму земјоделието, таа е една од земјите во ЕУ која што има прекрасни искуства во делот на земјоделието, верувам дека можат да бидат прекрасна иницијатива и за одредени инвестиции взаемни кои што би требало да се случат овде. Нашето поднебје дава можност да имаме разноликост во земјоделските производи која што мораме да ја искористиме за взаемно надополнување и очекуваме во иднина и можни инвестиции, изјави градоначалникот Заев по средбата со унгарскиот амбасадор.

И амбасадорот Бенце беше задоволен од остварената средба и ги потврди можностите за соработка помеѓу Струмица и општини од Унгарија.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски