ВИДЕО: Градоначалникот Заев на средба со претставници на Македонско-бугарската стопанска комора

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев денеска оствари работна средба со претставници на  Македонско-бугарската стопанска комора на која присуствуваше и амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Иван Петков.

На средбата се разговараше за сите можности кои би овозможиле поголема размена и зближување на бизнис партнерите од двете земји.

bg_komora1

За градоначалникот Заев, денешната средба е исчекор на една прекрасна соработка која благодарение на Сојузот на стопанските комори на Македонија и комората  за деловна соработка помеѓу фирмите од Македонија и Бугарија и амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, а во која од денеска се вклучува и струмичкиот регион, ги отвора сите можности за економоска – деловна соработка помеѓу македонските и бугарските фирми.

– Генерално, Македонија и Бугарија досега имаат одлична соработка на економски план, но не е на максимален праг, постои огромен капацитет и можност да се унапредува во интерес на граѓаните на двете земји. Се надевам дека оваа денешна средба ќе донесе конкретни резултати, а еден од нив е можностите што ги нуди Прва кооперативна банка, а тоа се финансиските можности за финансирање на проекти од областа на земјоделството за потребите на индивидуалните земјоделци, нивните кооперативи и големите фирми или задруги од оваа област.

– Преку ваквото финансирање многу лесно може да се дојде и до ИПАРД програмата, за која граѓаните знаат дека 50 насто од реализираните проекти значи повраток на средствата. Ваквите ефтини можности ќе значат едно охрабрување за сите кои работат во земјоделието и имаат живинарски фарми, краварски или свињарски фарми или пак фабрики за замрзнат зеленчук, за сушен зеленчук или конзервирани производи, потоа за трактрои, за инвестиции во пластеници, ќе можат да се потпрат на оваа линија која што за нас како регион е многу значајна и треба да ја искористиме до максимум, затоа што ќе обезбеди нови работни места и ќе привлече грантови од ИПАРД програмата, рече по средбата градоначалникот Заев.

Според претседателот на Македонско – бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски, во оваа насока голем придонес има канцеларијата за европски проекти која работи во рамките на општина Струмица.

За бугарскиот амбасадор, Иван Петков, економската соработка меѓу двете земји е многу важна во која голема улога има приватниот сектор со чија поддршка се ревитализира Македонско – бугарската комора и сите нејзини идеи и проекти ќе бидат поддржани од амбасадата, а ќе се реализираат со помош на храбри и сериозни градоначалници како што е градоначалникот Заев.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски