ВИДЕО: Градоначалниците во луксузни автомобили, а пожари се гасат со возила од 1966

Од:

Пожарникари без опрема и со дотраени возила од минатиот век се единствената надеж за спас од пожар. Се повеќе негативни реакции од граѓаните кои и не знаат дека пожарникарите вложуваат натчовечки напори да ги спаст од огнот, но ефикасноста е намалена поради нивната неопременост.

Градоначалниците си купија џипови, пожарникарите се мачат со возила од 1966 година

Градоначалниците си купија џипови, пожарникарите се мачат со возила од 1966 година.Повеќе на https://a1on.mk/archives/1073747

Posted by A1on.mk on Среда, 12 јуни 2019

Завчерашниот пожар во Кисела Вода уште еднаш потврди дека никој не вложува ниту се интересира за опремување на пожарникарите кои ги менуваа меѓу себе скафандерите, шлемовите и маските зошто немаше за сите. Немаа ниту боци со кислород па ги враќаа да се полнат со возило од шеесетите години за да ги добијат назад пак додека огнот дивееше во зградата.

Ова е тажната слика за земјава, каде во Скопје се поважни тркала на Вардар или Луна парк кои се вредни 18 милиони евра, а се нема за она што е суштинска потреба.

Според податоците на Центарот за граѓански комуникации во земјава од вкупно 220 возила за противпожарна заштита 154 односно 70 отсто се произведени во минатиот век. Просечната старост на овие возила е 27 годи
Струмица и Валандово ги поседуваат најстарите противпожарни возила произведени во 1966 година. Најголема просечна старост имаат противпожарните возилата во Кратово со просечна старот од 39 години. Во Кратово во 2010 година едно противпожарно возило е донација од Англија. Речиси сите понови возила кои ги поседуваат противпожарните единици се донации од странските земји, а нема податок колку и дали купил некој од општините или државата.

Но, за разлика од противпожарните возила, речиси нема градоначалник што не се почестил со скапо луксузно возило со пари од буџетот. Речиси секогаш сите се правдаат со потреба од купување на луксузно возило зошто патувале многу што укажува на ниската политичка култура и свест.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Пожарот над тетовско Селце надминува два километри линија на оган, пожарната и НП апелираат за помош од државните институции

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он