Македонија е лидер во Европа по стапката на сиромаштија според критетумите на Светската банка.
Во периодот од 2002 до 2012 година, Македонија има население под стапката на сиромаштија, односно 19 проценти, Албанија 12,4 проценти, Хрватска 11, 6 проценти, Црна Гора 6,6 проценти, Србија, 9,9 проценти, рече екс гувернерот на конференцијата Македонија 2015, Европски реформи или несреќен нов изум?“
Деветнаесет наспроти сите останати се пола, а ние сме лидери според секоја изјава и монтиран податок на Владата на Република Македонија, лидери сме да, во највисока стапка на невработеност од 29 проценти, највисока стапка на сиромаштија, највисока стапка на нееднаквост.
Зошто се случува сето ова? Владата има 3 до 4 столба на економската политика-странски инвестиции, зголемување на јавниот долг, ниски даночни стапки со рамниот данок, разни субвенции-тоа е целата економска политика. Неколку години слушавме дерегулација, илјадници конференции за успесите на полето на дерегулација, поаѓајки од доктрината на владеачката партија дека тие се за мала ефикасна држава. слушавме што се се случува на полето на дерегулација, рече Гошев.
-Идејата за мала ефикасна држава ја изгубија по патот, наместо тоа од регулацијата направија хаос, наместо тоа ја дуплираа јавната администрација. Носат секојдневно измени на законите, безброј одлуки кои се противречни, но постојано се мотивирани од популистичкиот ефект кај социјалните слоеви.
Европската унија не е способна да ги натера да ги дадат бројките во јавната администрација, а тие не кажуваат колку има на грбот на приватниците партска војска. Изостана придонесот од трошоците за привлекување странски инвеститори.
Ресурсите на Македонија им се подаруваат на оние 1 процен богати луѓе во светот, она што им припаѓа на сите граѓани на Република Македонија.
Македонија со тој концепт на странски инвестиции станува земја на измеќари, поседувана земја од други, најмалку од соственот народ.
Ова не е за забрана за странски инвестиции, туку за размислување за користите и штетите од секоја странска инвестиција, зошто таму се даваат пари од даночните претплатници на Република Македонија.
Огромниот дел од јавниот долг го потрошија непродуктивно, за политичка корупција на избирачите, за менување на ликот на Скопје под заблуди и каприци само познати на лидерот, за објекти кои се трошок на тенките буџетски приходи, за купување новинарски и интелектуални совести, само да го продолжат опстанокот на власта, да создадата свои поседувани олигарси, како замисла за трајно финансирање на својот политички живот, како освета што некои други станале такви.
Затоа се трошат огромни пари од кредитите, се трошат за менување на меморијата на граѓаните на Република Македонија, за создавање морал врз основа на критериумите на лидерот на Македонија. Затоа стигнавме каматите за јавниот долг, не целосните, да изнесуваат 100 милиони долари за 2015 година. Само каматите во наредниот период ќе јадат една третина или половина од потенцијалниот раст што ќе се случува. Ако имате 100 милиони евра за нецелосните камати, а само 770 милиони денари за наука, и вие им држите лекции на професорите за заостанување во однос на науката, тоа е комично, да не речам идиотски, навреда на секоја интелектуална честичка на луѓето кои се мачат да ги образуваат нашите идни генерации, рече Гошев.