(ВИДЕО) Гошев: Имаа пари за тркало во фекалиите на Вардар, немаше за Тамара

Од:

Екс гувернерот Петар Гошев на дебатата “Овој дом би си заминал од Македонија засекогаш“ посочи дека луѓето бегаат од Македонија поради неправдата, нееднаквоста и сиромаштијата. Според него, не се знае колку луѓе се надвор од Македонија, но само во последните десет години и само во Европа од Македонија се иселиле 237.000 луѓе.

Индикативно е според Гошев што податоците за иселени луѓе не се совпаѓаат со избирачкиот список.

-Подеднавкако се движи растот на население во 1992 година и во 2013 година, каде нема никаква разлика, односно има нешто над два милиони жители. Во 1992 година имало 2.022, 000 жители, а во 2013 година 2.065.000 жители. Една третина до една четвртина се под 18 години, така што полнолетни во Македонија има не повеќе од 1,5 до 1,6 милиони гласачи. Во избирачките списоци на МВР има околу 1,8 милиони избирачи. Фалат 200.000 луѓе и таа бројка ја знае единствено МВР и никој друг, рече Гошев.

Луѓето се сиромашни и трпат неправди и бегаат од земјава. Македонија од 1991 година до 2013 година има раст помал од 1 процент. Македонија во 2001 била на 64 место, во 2013 година е на 84 место. Сиромаштијата е 19 проценти во периодот 2002 -2012 година, во Еврпа нема таква висока стапка на сиромаштија. Албанија има помала сиромаштија од нас, Црна Гора е 6 проценти, а слушаме дека сме лидер во Европа.

Стапката на невработенсот е 28% проценти, но на младите е над 50 проценти. Стапката на нееднаквост- шампиони сме во Европа. Фрапантни се податоците, 17.000 луѓе имаат 12 проценти од бруто националниот доход во 2010 година.

-Ако еден деспот остане на власт десет години со погрешни политики, тогаш ви е е потребно двојно повеќе години да ги исправите тие грешки. Колку луѓе се спремни да чекаат толку? И моите деца ја спомнуваат таа тема понекогаш, и би било штета да заминат, но ако овде нема критична маса да се избори за промени во општеството, немам право да ги задржувам. Ако има пари за тркало во фекалиите на Вардар, а нема пари за Тамара тогаш какво е вашето морално право да им делите лекции на луѓето, рече Гошев.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот ,,Тамара’’

ВИДЕО: Вечерва се одржува доделување на музичките награди МАС

Драган Поповски

(ВИДЕО) Царовска: Северна Македонија е на врвот на евровизиската победничка листа со пораката за родова еднаквост и за прифаќање на различностите

Ана Ололовска

Галетановски до македонската дијаспора: Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди, никад да не се вратите

Татјана Ташкова

Би-би-си: Импресивниот настап на Тамара овозможи да научиме географија

Татјана Ташкова

Мицкоски: Честитки за Тамара, Македонија вечна

Галена Николовска-Ризвановиќ