(ВИДЕО) Гошаревски: Имавме Езеро кое разединуваше, сега е Езеро кое обединува

Од:

Од изолација до интеграција е заклучокот од програмската трибина организирана од СДСМ “Агенда 20-24”, посветена на развојот на преспанскиот регион.

Градоначалникот на Ресен, Гошаревски ги презентираше идејните решенија за развој на преспанскиот регион коишто настанале во соработка со Европската унија, набрзо после потпишувањето на Преспанскиот договор.

“Уште тогаш знаев дека Преспа веќе нема да биде иста и тоа се покажа со потпишувањето.

И ретроспективно ако гледам, големината на тој момент што го осетив покрај сите тие гости, баш тука во нашата општина, е оној момент кога знаеш дека после ова нема ништо да е исто.


Како градоначалник на Ресен работите ги гледав и локално , што ние можеме како ресенчани да добиеме од него.

Преспа беше најбарано име на порталите, најчесто употребуван збор од политичарите и максимално се трудев да го искористам тој момент”рече Гошаревски.

Градоначалникот на Ресен кажа дека остварил контакт со Еврокомесарот Јоханес Хан кој бил воодушевен од Преспа.

Гошаревски истакна дека зборувајќи за потенцијалите на Преспа, му заблагодарил на Хан за финансиската помош од европските фондови.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски