ВИДЕО: Годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Скопје ја одржа 27. Годишна конференција, на која лидерот на партијата Христијан Мицкоски ја обвини власта за манипулирање на народот зашто му дава лажна надеж, дека води политика „купи ден помини“, со која економијата пропаѓа, правниот систем се распаѓа, а младите масовно се иселуваат не гледајќи иднина во својата земја.

Тоа, рече Мицкоски, се новите црнила на Македонија.

– На Македонија ѝ се случува Зоран Заев, презиме персонификација и синоним на сите црнила, неправди, сиромаштија, порази, неуспеси на оваа наша земја…. Не може да биде годината што изминува успешна ако знаеме дека посегнаа во за нас најсветото – по името на нашата татковина и по нашиот идентитет, со целосно газење на волјата на народот, рече Мицкоски пред партискиот подмладок.

Ја критикуваше економската политика, со заклучок дека оваа година била неуспешна, а идната, рече, ќе биде катастрофална, задолженоста на земјата станува рекордна, а по индексот на корупција е на 112 место.

Но ова е и време, според него, кога народот излегува од бунило.

– Мора самиот да им стави крај на сите злоупотреби кои ја разнебитија нашата заедничка татковина, нашата заедничка чест. Македонија се движи по црвена линија, помеѓу пропоста и очајот – или ќе се обединиме за да ја спасиме, или ќе се разделиме и распрснеме, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

За партијата што ја предводи рече дека е веќе на нозе и меѓу народот и, како што рече, ќе ја донесе искрата на зората што ќе ги потисне црнилата. Само обединети, рече Мицкоски, ќе успеат да победат на претседателските, а потоа и на предвремени парламентарни избори.

За сегашниот претседател на УМС Јован Јаулески, Мицкоски кажа дека Унијата ја води во најтежок период кога младите се на маргините и ја планираат иднината надвор од државата.

Јаулески, кој по оставката на Лука Кржалоски во октомври стана в.д. претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека изминатата е година на многу предизвици, но дека Унијата е подготвена да ги надмине.

-Ја ветуваа Младинската гаранција за вработување, но изгледа чекаат сите да се иселат од државата во која работа има само за деца на функционери на СДСМ, рече Јаулески, а додаде и дека животот на младите е загрозен и тие се небезбедни на улица, спомнувајќи го убиството на Никола Саздовски-Саздо.

Затоа немаме друг избор, рече тој, туку да се обединиме против оваа несреќа.

– Сакаме перспективна иднина, здраво општество со европски вредности, истакна Јаулески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот