(ВИДЕО) Глигорова: За криминалот на извршителите ќе бараме одговорност и кај Вилма Русковска

Од:

Новиот Тарифник за извршителите што го предложи Министерството за правда а денеска го усвои Владата наиде на делумна поддршка од задолжените граѓани и здруженија кои неуморно се борат за укинување на извршителските канцелрии веќе три години.

Еден од најгласните борци против Законот за извршување, Ана Глигорова смета дека овие измени се позитивен чекор напред во решавање на проблемот со многугодишниот финансиски геноцид врз населението но сепак најавува дека битката на Здруженијата на граѓани ќе продолжи и одговорност за како што вели криминалното извршување ќе се бара и од Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Според Глигорова, протестот на извршителите со еднодневно затворање на канцелариите е бесмислен кога нивните трансакциски сметки се отворени и тие немилосрно наплатуваат камати на долговите.

Во интервјуто Глигорова прави анализа на тоа што ќе значи репрограмирањето на долговите и вели дека е најважно да се води сметка овие измени да функционираат во пракса ретроактивно. Од протестите пред Министерството за правада што се случуваа шест вторници наназад, вели дека од жалбите и преставките што ги носеле граѓаните за неправедните извршувања во министерството биле фрапирани. Имало многу емоции од граѓани за нивните случаи кога на пензија од 7000 денари со години извршител одзема третина од парите . Таа открива и случај на извршител кој си отворил канцеларија во куќа врз која направил извршување.

Би можело да ве интересира

ОЈО Кичево ќе вложи жалба за определената мерка претпазливост за извршителката за Кичево што нападна новинар и полицаец

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Глигорова: Извршителите веќе втор месец не постапуваат по новите измени во Законот за облигациони односи

Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

Орце Костов

Нема спас од извршителите: Освен од банка, сега ќе може да им ги земат парите на граѓаните и од штедилница

Орце Костов