(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Заев и Спасовски не можат да ја гарантираат безбедноста на граѓаните и нивниот имот

Од:

„Премиерот и министер во заминување, Заев и Спасовски не можат да ја гарантираат безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Не поминува недела, а да нема запалено возило на улиците во Скопје. Скопје стана како Бејрут. Автомобили се палат, а МВР воопшто не реагира.

Синоќа во текот на ноќта е повторно запалено возило марка БМВ на паркингот кај ТЦ „Зебра“ пожарот бил подметнат, а сторителот и намерите како и вообичаено непознати се за полицијата. Срамота е во центарот на Скопје да горат возила, а полицијата да не реагира.

Спасовски не ги штити граѓаните, Спасовски ги штити криминалците“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали е точно дека зад ова палење на автомобили се работи за пресметка помеѓу криминални структури на власта и бизнис партнери на Заеви!? Дали заради нечии профити нашите граѓани треба да живеат во страв!?

Криминалците се мотивираат од нереагирањето на полицијата.

Оваа година се запалени над 100 автомобили во Скопје и поголемите градови низ државата. Спасовски е неспособен да ги открие сторителите и да ги заштити жртвите.

Невозможно е некој цела година да пали возила на бизнисмени, политичари и граѓани, а Спасовски да не знае ништо. Ако навистина не знае, тогаш е неспособен, ако знае тогаш очигледно го штити криминалот и криминалците. И едното и другото се причина да си замине и да одговара за неговата неработа.

На криминалните пресметки мора да им се стави крај. Граѓаните повеќе не се чувствуваат безбедни во нашата земја. По 12-ти април ќе следува одговорност за криминалците и конечно ќе има безбедност за граѓаните во Република Македонија“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава