(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Веќе не владеат законот и полицијата, туку оружјето и мафијата

Од:

„Улиците на Скопје се претворени во бојно поле. Веќе не владеат законот и полицијата, туку оружјето и мафијата.

Среде Скопје на улица „Рузвелтова“ е пукано во возило од друго возило во движење, двајца беа брутално ликвидирани. Испукани се над 25 куршуми, па вистинска среќа е што нема и други жртви, случајни минувачи, бидејќи се работи за место каде постојано се движат млади луѓе.

Безбедносната состојба е сериозно нарушена. Улиците секој ден стануваат се повеќе крвави. Никој не се чувствува сигурен на улица“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека е нарушена безбедноста Оливер го злоупотребувавте МВР за да испраќате соопштенија дека тоа било само во главите на вмровците. Ги лажеше граѓаните, а сега неговите лаги се плаќаат со човечки животи. Нашите граѓани се плашат да излезат од дома.

Каде е превенцијата, зошто некој дозволил мафијата да стане толку силна и да се чувствува моќно и без стега да вади оружје и да пука на најфрекфентните улици?

Наместо Република Македонија да оди напред, неспособното и корумпирано раководство на МВР не враќа 30 години назад, време кога во Белград, Србија, царуваа клановите а луѓето се плашеа да излезат на улица. Ова што го живееме не се европски стандарди, ова се мафијашки стандарди.

Господине Спасовски излезете и и објаснете, преземете одговорност. Каде се убијците, кои се мотивите? Дали жртвите се блиски до еден член и активист на СДСМ кој напаѓаше опозициски политичари? За ова ли ги ослободивте 800 криминалци од затворите кога дојдовте на власт?

Што им ветивте? Уште колку крв треба да протече за да ги задоволите политичките апетити и да си поставите партиски обезбедувач за директор на полицијата?

Оливер Спасовски, збогум! Дадете си оставка додека не е предоцна“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски