(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопје се претвора во див запад, а Спасовски си тера кампања за промена на името

Од:

Скопје се претвора во див запад. Криминалот царува на улиците, граѓаните не се безбедни, а полицијата е неспособна да ги заштити. Видеото кое беше објавено на медиумите, а од кое се гледа како во Аеродром, една од најурбаните населби во Скопје на фреквентна локација неколку лица буквално претепуваат млад човек нанесувајќи му животно загрозувачки повреди е скандалозно и пример за неспособноста и неработењето на МВР, рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Ваквата бруталност по улиците на Скопје не го вознемирува само Оливер Спасовски и неговите соработници кои што се во коалиција со криминалот. Граѓаните се уплашени од криминалот. Поради неажурноста на Спасовски граѓаните повеќе не се чувствуваат безбедно во нашата земја. Нема населено место во државата, каде криминалот не е во пораст. Убиства, грабежи, палење на коли станаа за жал наше секојдневие. И ништо од тоа не е разјаснето. Децата и возрасните гинат по улиците. Пред само недела дена припадник на МВР уби и запали човек, а од Спасовски нема никаква одговорност, рече Ѓорѓиевски.

Според него, наместо да се зафати со зголемување на безбедноста во државата Спасовски си тера кампања за промена на името.

– Граѓаните од Спасовски не очекуваат да оди по градовите и да агитира за референдумот, граѓаните од него очекуваат да го намали криминалот, кој откако СДСМ е на власт во државата за жал е во пораст. Граѓаните наместо живот добија смрт. Со оваа власт никој повеќе не се чувствува безбеден. Со оваа власт секој живот е загрозен. Токму затоа СДСМ мора час поскоро да си замине. Република Македонија и нашите граѓани заслужуваат подобро, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ