(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Најголем монструм во случајот „Монструм“ е Заев

Од:

„Времето покажа дека вистинскиот Монструм во случајот Монструм е Зоран Заев.

Бесрамно ја лажеше јавноста дека ја знае наводно вистината за убиството на Смилковско езеро. Додека ги лажеше родителите на убиените деца, Зоран Заев правеше селфи со убијците кои лично тој ги ослободи.

Јавноста ја видела целата монструозност на Зоран Заев. Тој е човек кој без срам го злоупотребии масакрот кај Смиљковско Езеро и убиството на 4-те деца и рибарот за лично свои политички цели. Ја лажеше јавноста но и роднините на убиените дека има докази за наводна “нова болна вистина“ за овој масакар, за сега после 5 години излезе пред суд и каже дека нема никакви информации за тоа“, рече Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бесрамно и монтруозност! Зоран Заев злоупотребувал смрт се со цел да дојде на власт.

Тој од 2015, кога ги правеше своите митинзи и своите настапи во интервјуа, но и на средби со роднините на настраданите, зборуваше и креираше лаги се со цел да фрла магла и така да лови политички поени.

Еве што изјавуваше Заев:

“Големи сомневање се врзани за овој случај. Со обелоденувањето на вистината за Смиљковското Езеро или проектот на владата Монструм, како што го нарекоа со кривичната пријава, ќе обелодени и болна вистина„ рече Зоран Заев на 27мај.2015

За српски портал во 2017 отиде дури и понатаму, па уште посочуваше дека власта е инволвирана во овој масакар, а осудените во случајот биле невини. На тоа следеа медиумски хајки за оцрнување на политичари, играње со судбината на убиените и нивните семејства.

5 години Зоран Заев ги манипулирал и родителите за наводни бомби и докази кои ќе донеле нова вистина, болна вистина и слично.

Резултатот од сето тоа е ослободени обвинети кои после сведочењето на Заев, пред некој ден, излегоа и насмеани си правеа селфи токму со него.

Класична некрофилска политика на Заев, кому лагата му е главна особина изминатиот период.

Да потсетиме дека истиот тој во кампањите пред изборите не го злоупотребуваше само убиството кај Смиљковско Езеро, туку ја користеше и судбината на Мартин Нешковски, судбината на малата Тамара, Никола Младенов и Диво Насеље. Пушташе сечени и прекинувани разговори, организираше насилни протести, прес конференции се со цел да создава лажна слика.

Овој човек е бесрамен лажго и измамник и најмалку што може да направи е да се извини на јавноста и конечно да се повлече од политиката. Надлежните институции дополнително мора да ја испитаат неговата одговорност и соодветно да постапат. И од Заев да е, премногу е сето ова.

На 12 Април ќе почне демонтирањето на кулата од лаги на Заев. Тој е виновен за сите злоупотреби во Македонија, сите лаги, порази кои се случија и на државата и на нашиот народ во изминатиот период.

Зоран Заев никогаш повеќе!“, изјави Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски