(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: На Конвенцијата ќе го избереме кандидатот кој ќе победи на претседателските избори

Од:

„Денеска сме во Прилеп, на состаноци и средби со месните комитети во Прилеп. Ние како ВМРО-ДПМНЕ интензивно започнуваме со подготовка на нашето членство за претстојните претседателски избори.

Видовме и самите, иако имаше фрлена ракавица кон социјалдемократите да прифатат предвремени парламентарни избори, сепак ги одбија на крајот соочени се и тие со моментот на страв и паника во нивните редови. Знаат и самите дека изминатиот период од нивното владеење само срам донесоа во Република Македонија“, рече Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Крајно погубни се сите нивни политики. Гледаме дека изминатиот период немаме ниту една капитална инвестиција во Република Македонија.

Исто така немаме ниту едно отворено ново работно место, ако не се земат во предвид оние работни места кои што служат за да се згрижат потесните и пошироките семејства на функционерите од СДСМ.

Прилеп е град кој што секогаш ја давал поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, така и сега.

Утре веќе имаме Конвенција во Струга за избор на кандидат за претседател од нашите редови. Веднаш по Конвенцијата започнуваме со интензивни средби по сите населени места низ Република Македонија, а токму во тој контекст и денес се овие средби со месните комитети, полека да започнеме со припремите и да ги поразиме социјалдемократите на претстојните претседателски избори, а веднаш потоа да бидат поразени на предвремени парламентарни избори“, изјави Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија