(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Имаме компанија шверцер на кокаин која добивала државни тендери, и Славјанка, заменик министер за МВР која брифира информации со кој ја загрозува акцијата

Од:

„Власта на Заев и криминалот се во коалиција. Последна потврда за тоа е информацијата дека лицата кои шверцувале кокаин од Мексико добивале и државни тендери.

А денес видовме од медиумите дека има сомнеж за дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска дека директно брифирала по медиуми за текот на акцијата на МВР со што ги довела животите на полицајците под ризик.

Значи имаме компанија шверцер на кокаин која добивала државни тендери, и Славјанка, заменик министер за МВР која брифира информации со кој што ја загрозува акцијата.

Имено фирмата БАНЕКС Компании од Крушопек, чија дејност била увоз на овошје, завчера беше откриена дека заедно со пратките банани пренесувала и кокаин. Но, истата таа фирма на 31 декември 2018 година на јавен тендер продала возило на Јавното комунално претпријатие Тетово во износ од милион и пол денари. Тоа е време кога Зоран Заев е премиер, Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, а Теута Арифи градоначалник на Тетово како кандидат поддржан од СДСМ“, рече Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Скандал до скандал. Кој ќе сноси одговорност сега? Замислете од илјадници фирми јавна набавка добила токму оваа фирма Банекс од Крушопек добила и државни пари.

Долго време наназад посочувавме дека во Македонија цвета трговијата со дрога, а Заев и Спасовски ништо не презедоа во нејзино сузбивање. Напротив гледаме дека наркокартелите дури и биле поддржувани со народни пари. Но дали е само оваа помош, помошта која ја добиле од власта на Зоран Заев и Оливер Спасовски?

Доволен повод за сомнеж за нелегални активности на фирмата Банекс требало да им биде фактот што таа фирма во 2018 година пријавила обрт од околу 3 милиони евра.

Ќе признаете дека оваа сума е незамислива за многу други сериозни компании, а не за една фирма која увезува овошје. Колку ли пратки со кокаин Бенекс направиле во време на Зоран Заев и Оливер Спасовски? Колку од кокаинот поминал низ Македонија, а колку останал да се продава тука?

Колку милиони евра била заработката на наркокартелот од Крушопек и дали од тие милиони завршиле кај претставници од власта?

Дополнително, постојат основани сомненија дека високи полициски функционери, предводени директно од заменик министерот Славјанка Петровска ја загрозиле акцијата на специјалните полициски сили во Крушопек.

Во текот на акцијата прво по социјални мрежи, а потоа и во медиуми биле лиферувана веста за акцијата за сузбивање на трговија со дрога, па биле пуштани полувистини.

Дали на тој начин биле информирани наркокартелите и се попречувало во спроведувањето на полициската операција?

Зарем до таму дојдовме, структурите во полицијата поврзани со подземјето, да минираат акции на своите колеги и со тоа да ги доведуваат во опасност.

Криминалот расцвета со Зоран Заев и Оливер Спасовски. Наркокартелите владеат, не само со подземјето и улиците, туку и со цела држава. На нарко-власта мора да и се застане на пат.

На 12 април народот ќе ги казни Заев и Спасовски за нивното шурување со подземјето и криминалот. После 12 април во Македонија ќе владее правото и правната држава“, изјави Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024