(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Дали Јовче Ременски знаел за криминалот кој сега се става на товар на неговата сопруга?

Од:

Истрагата за рекет е само фарса. Русковска обвинителството прави се само за да ги прикрие трагите кои водат до главата на октоподот, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

„Шест месеци и беа оставени на Фросина Ременски да влијае на истрагата и да ги чисти доказите, иако уште пред половина година сите знаеја за вмешаноста на Фрики во оваа афера.

Симболичното замрзнување на партиските функции е само замачкување на очите на јавноста, во ситуација кога нејзиниот шеф Зоран Заев врши јавен притисок врз органите на прогонот прогласувајќи ја за невина.

Иронично е Фросина Ременски да остане пратеник кој ќе го гласа буџетот на Русковска. Осомничената Фросина Ременски ќе носи и закони од областа на безбедноста, а треба да дискутира и за законот за обвинителство.

Иронијата да биде уште поголема, нејзиниот сопруг Јовче Ременски е функционер во новоформираната Агенција за национална безбедност.

Ременски, кој според одредени информации поседува највисок безбедносен сертификат е потенцијален ризик врз истрагата против неговата
сопруга.

Дали Јовче Ременски знаел за криминалот кој сега се става на товар на неговата сопруга? Дали свесно ги прикривал и бил соучесник во истиот или нема никаков капацитет за функцијата што ја извршува?

Дирекцијата за класифицирани информации и АНБ треба веднаш да ја преиспитаат одлуката со која му е доделен безбедносен сертификат и да го стават под повторна контрола Јовче Ременски.

ЈО мора да истражи дали Фросина Ременски користела информации и услуги од тајната полиција, со помош на кои го вршела криминалот кој што во моментот и се става на товар.

Јовче Ременски дотогаш мора да биде суспендиран.“, наведе Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава