(ВИДЕО) Ѓорѓиев: Студентите се жртви на катастрофалните политики на Заев

Од:

„Студентите се жртви на лагите и катастрофалните политики на СДСМ и Зоран Заев. Кога на СДСМ им требаше гласот на студентите ветуваа брда и долини, а кога дојдоа на власт студентите за нив станаа категорија на луѓе која не постои.

Условите за живот по студентските домови наместо да се подобруваат како што ветуваше СДСМ, тие од ден на ден стануваат се полоши. Студентите живеат во мизерни и супстандардни услови, а функционерите тераат кампања за Стево Пендаровски, наместо да работат за подобрување на животот на македонскиот студент“, рече Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека владата се луксузира и троши стотици илјади евра за морски плодови и апетисани, студентите добиваат минимални и ладни оброци во кои често може да се најдат бубачки, но и игли и отпушоци од цигари.

Топлата вода во студентските домови стана вистински луксуз и студентите се приморани да се тушираат со ладна вода, а за да биде потрагично студентите од „Стив Наумов“ во најладните денови немаа ниту вода, парно греење.

Наместо реновирани соби во студентските домови „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“ живеат во соби полни со влага каде ѕидовите речиси се распаѓаат. А, исто така неодамна јавноста беше сведок како во студентскиот дом Стив Наумов падна плафонот во тоалет во една од собите при што некој студент можеше сериозно да биде повреден.

Лифтовите во домовите „Кузман Јосифовски Питу“ и „Гоце Делчев“ понекогаш не работат цели месеци и студентите мора да се качуваат по 7 или 14 катови по неколку пати во денот.

Дворовите изгледаат како градилишта, полни се со ѓубре и шут и при најмали врнежи се создаваат цели езера при што практично е невозможно да се помине. Воедно заради неодржувањето на тревните површни излегуваат змии кои претставуваат сериозна закана по животите на студентите.

СДСМ покажа целосна негрижа за студентите во Република Македонија. Бедата и мизеријата повеќе не смеат да бидат секојдневие за македонскиот студент. СДСМ мора веднаш да си замине, затоа што студентите во Република Македонија заслужуваат подобро“, изјави Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски