ВИДЕО: Ѓорчев повика да прекине проектот за налепници на возило, обвини за стигматизирање на цели катеогрии граѓани

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Зоран Заев, Јани Макрадули и Петре Шилегов веднаш, веднаш уште денес или уште утре да престанат со нивниот проект за стигматизирање на цели категории на граѓани, а кој што се однесува на налепниците на возилата поврзани со издувните гасови, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

– Во моментов онака како што Заев, Шилегов и Макрадули замислиле многу мал број на возила односно само возилата на оние кои што можат тоа да си го дозволат ќе бидат обележани со зелена налепница. Оваа нивна мерка е директно насочена против средната класа во Република Македонија и против сиромашните. Затоа што нивните возила нема да можат да бидат забележани со зелена налепница. Тие луѓе со месеци, и со месеци нема да можат да ги користат нивните возила, нема да можат слободно да се движат и ќе имаат реални конкретни, практични проблеми во нивното дневно функционирање. И тие и нивните семејства. Значи уште еднаш со ваквото решение на Зоран Заев, Петре Шилегов и Јани Макрадули ќе изгубат илјадници, и илјадници дури и стотици илјади граѓани на Република Македонија. А, проблемот со загадениот воздух нема да биде решен, рече Ѓирчев.

Според него имаме ситуација во која што, како што рече, лицемерите од власта на СДСМ пред само една година маршираа по скопските улици со заштитни маски велејќи дека се што треба да се направи е само да се смени Коце Трајановски како градоначалник, а, дека утредента нивната власт, нивната влада, нивните градоначалници ќе донесат чист воздух.

– Сега не нудат никакви решенија, туку нудат гетуизирање и стигматизирање на средната класа во Македонија и на сиромашните во Македонија кои што не можат да си дозволат онакви возила какви што замислиле Шилегов, Заев и Макрадули дека тие требаат да возат. Тоа ќе биде шиканирање уште еднаш ќе речам на целите категории граѓани, стотици илјади луѓе нема да можат да појдат на работа, нема да можат да појдат на доктор, нема да можат да појде да си ги видат луѓето, пријателите, роднините, мајките и татковците туку напротив ќе мора и ќе бидат упатени да го користат алтернативниот транспорт кој што не може да го издржи оптеретувањето со кое што тогаш ќе се соочи. Значи многу мал број на возила ќе може да имаат зелената налепница која што сакаат да им ја доделат Шилегов, Макрадули и Заев. Значи уште еднаш оваа мерка е лоша, оваа мерка е штетна, оваа мерка не го решава проблемот на граѓаните затоа што најголемиот дел од загадувањето доаѓа со затоплувањето и едноставно ќе предизвика бројни и бројни секојдневни проблеми за стотици илјади граѓани. Ако треба ова да го сумирам во 30-тина секунди на оваа прес конференција онака како што веројатно може и народот адекватно да се пренесе би било следно: ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Зоран Заев, Јани Макрадули и Петре Шилегов веднаш да прекинат со нивниот проект за стигматизирање, гетуизирање и ограничување на движењето на средната класа и на сиромашните луѓе во Република Македонија, затоа што нивниот проект за лепење на налепници на возила е буквално скандалозен, рече Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски ја призна конекцијата со мешетарот Еисин и после се сокри од јавноста

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Откако ќе формираме влада, ќе поевтинат сметките за струја

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Пендаровски и Ковачевски бегаат од одговори за аферата со Еисин

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети проект тој и го реализира