„Месечниот статистички билтен на завод за статистика на Република Македонија изнесе фрапантен, загрижувачки податок за пад на родените бебиња во Македонија во месец јануари во однос на месец јануари минатата година од 19 проценти.
Падот изнесува:
• 2018 година јануари 1.861 бебе.
• 2019 година јануари 1.512 бебиња.
Падот уште еднаш заокружено е од 1.900 бебиња на 1.500 бебиња. Станува збор за невиден досега фрапантен пад во бројот на родени деца во Македонија во една година од 20 проценти.
Ако ова не е загрижувачки, тогаш не знам што е. Овие податоци зборуваат и кажуваат дека Македонија умира, дека Македонија исто така исчезнува. Дека стануваме држава и земја без народ.
Зоран Заев, Стево Пендаровски и Мила Царовска треба да кажат неколку збора за овие теми не само неколку збора. Потребна е итна седница на Влада, затоа што кога ќе се појави и кога има демографска рецесија од речиси 20% во една година тогаш тоа е знак за узбуна. Тоа е знак за тревога. Тоа значи дека нешто и тоа како не е во ред во државата.
Уште еднаш ќе ви речам падот на новородени деца е од 1.861 дете на 1.512. Пад од 19%, рецесија од 19 проценти, ова е буквално демографска катастрофа. И гледаме дека никој со прст не мрднува. Гледаме дека Мила Царовска секој ден дава изјави, секој ден се слика и исто така и Зоран Заев исто така и Стево Пендаровски“, изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.