(ВИДЕО) Героски: Груевски е инспиратор и нарачател на идиотските флаери

Од:

Низ цела Македонија деновиве се раздаваат флаери кои ја клеветат опозиционата СДСМ, професорот Љубомир Фрчковски и новинарот Бранко Героски дека заговараат федерализација на Македонија. Од друга страна, опозицијата го обвини премиерот Никола Груевски дека стои зад отворањето на ова прашање, откако јавноста дозна дека на барање на Владата е изработена студија за ревизија на Охридскиот рамковен договор.

Флаерите се дел од уште една црна кампања против критичарите на оваа власт која има за цел да ги стигматизира, но и да го деофокусира вниманието на јавноста. Бранко Героски, кој неретко е мета на овие црни кампањи на владејачката партија, вели овој пат се пуштени во оптек со цел да се дефокусира вниманието на јавноста од „губитничката траекторија на ВМРО-ДПМНЕ“ во рамки на преговорите за разрешување на политичката криза.

Геровски подвлекува дека е против идејата за федерализација и вели дека намерно е погрешно интерпретиран.

– Оваа акција со овие идиотски флаери е дело на една кретенска полумента која веќе подолг време се обидува да ме загрози и исплаши, не само мене и членови на моето семејство, туку и многу други луѓе. Ја толкувам како уште еден обид на власта да се обиде да ме дисквалификува од оваа јавна и политичка сцена. Овие напади веќе ги доживувам како нешто нормално, што значи дека се навикнувам на ненормалноста на моето живеење. Не очекувам помош и подршка од никого, најмалку од полицијата, најмалку од јавното обвинителство, од полицијата ниту кога министер беше од ВМРО-ДПМНЕ, ниту сега кога е на СДСМ – вели главниот и одговорен уредник на „Слободен печат“.

Овие флаери, додава тој, се повик до луѓето да тргнат кон физички напад на личностите кои се наоѓаат на потерницата.

Кампањата е, вели, поврзана со случувањата на преговарачката маса со СДСМ, каде владејачката партија отстапи на многу барања за кои претходно тврдеше дека се неприфатливи.

– Станува збор за еден процес на разрешување на политичката криза. Тој процес порано или подоцна ќе заврши со демисија на Никола Груевски и со пад на овој режим. Не сум оптимист дека тоа ќе се случи многу лесно и многу брзо, но сигурен сум дека тоа ќе се случи. Сигурен сум дека Никола Груевски, како инспиратор и нарачател на овие црни идиотски кампањи, тоа го знае. Има врска со преговорите и е обид да се дефокусира вниманието од очигледно губитничката траекторија на ВМРО-ДПМНЕ – посочува Героски.

Прашањето за федерализација, појаснува, не го отворил тој, туку Владата со извештајот кој што го изработи невладина организација предводена Питер Фејт.

– Тој извештај во кој се заговараат потези кои одат кон федерализација на земјата, го плати Владата со која раководи премиерот Груевски, и неговиот личен и добар пријатели кој вели „каменот од блиску доаѓа“. Тоа е Муса Џафери, министерот за имплементација на Охридскиот рамковен договор, конкретно за 200.000 евра. Тоа беше објавено и не го откривме ние туку го објавија провладините медиуми. Така се заговара федерализација на Македонија. Она што јас го напишав е дека не признавам табу теми, дека сакам отворено да разговарам за таа идеја, таа стои во подтекстот на политичкиот конфликт меѓу Македонците и Албанците, кој час е отворен и бликнува, а час е латентен, но е реален. Јас напишав, за жал бев погрешно интерпретиран, и тоа намерно, од овие кретени и идиоти што ја тераат оваа кампања. Јас имам теза зошто федерализацијата е спротивна на интересите на Македонците и на Албанците, зошто е неодржлив проект, економски, финансиски, цивилизациски и зошто е спротивна на идејата за интеграција. Но не дозволувам никој да наметнува табу теми и со секого сум спремен да разговарам за таа идеја – додава тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов