(ВИДЕО) Герасимовски: Започна изградбата на новата градинка „Пролет“

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, амбасадорите на пријателските земји и други гости, денес присуствуваа на поставувањето на темелите на новата детска градинка во населбата Пролет.

Оваа градинка ќе биде првата која ќе се изгради во оваа центарска населба и прва воопшто во Општина Центар по повеќе од 50 години. Изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини 154.243.997 денари или околу 2,5 милиони евра.

„Изминатиов период посветено работевме за да го оствариме ова ветување пред граѓаните, прва градинка во населба Пролет. Со изградбата на оваа градинка овозможуваме децата кои се на листите на чекање за прием во детските градинки во другите населби, да влезат во воспитно-образовниот систем и да се подготват за образовниот процес. Воедно, им помагаме и на младите родители згрижувајќи ги нивните дечиња но и создаваме услови за нови вработувања“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ја појасни потребата и заложбите на министерството и Владата за потребата од нови детски градинки, не само во Центар, туку и во другите општини низ државата.

„Од 2017 година до денес само во градот Скопје се отворени 17 детски градинки. А до крајот на годината, предвидено е отворање на уште 4 објекти во општина Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром и Сопиште, а градинките во Чаир и Арачиново, кои се исто така во тек на градба, ќе бидат отворени во 2023 година. Со новите градинки бројот на нови деца во Скопје ќе се зголеми за над 1000 деца кои ќе се вклучат во предучилишно воспитание“, потенцираше Тренчевска.

За потсетување, во минатиот ДУП на местото на детската градинка беше вцртан објект со деловна намена, за подоцна во ревидираната верзија, парцелата да се пренамени и да се вцрта објектот на детската градинка. Новата градинка ќе се простира на вкупна бруто површина од 3276 метри квадратни, со капацитет за згрижување на 150 деца, ќе има 9 занимални и ќе биде најголемата детска градинка во државата.

„За нас инклузивноста во образовниот процес е особено важна, затоа во градинката ‘Пролет’, имаме надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето. Исто така ќе биде изграден и лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето, покрај едното скалишно јадро. Особено важно е што градинката ќе располага и со просторија за лекар со изолација за дете и просторија за стручни соработници. Предвидена е и изградба на кујна само за потребите на градинката, со што децата ќе добиваат свежо приготвена и здрава храна. Затоа оваа градинка ќе биде пример кој треба да се следи – најмодерна и најубава градинка не само во општината, туку и во државата“, додаде градоначалникот Герасимовски.

Инвестициите во градинките и во воспитно образовниот процес во целина не се само инвестиции во правилен раст и развој на најмладите, туку се и инвестиции за подобри резултати во основното, средното и високото образование. Тие се влог во идниот професионален кадар кој ќе ја води економијата на нашата земја во иднина.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски