(ВИДЕО) Георгиевски: Создаваме бизнис центри за да им помогнеме на младите да ги реализираат своите бизнис идеи

Од:

„Почитувани граѓани, заврши времето на расипничкото однесување на локалната власт во општина Гази Баба.
За нас квалитетот на живот за секој граѓанин е подеднакво важен и затоа ќе ги отвориме можностите за сите.
Локалниот економски развој и отворањето на нови работни места ќе биде еден од приоритетите, но со пристојна плата која ги задоволува семејните потреби.

Директно ќе помагаме на малите и средни претпријатија со подеднакви можности и за странските инвеститори .
Ќе креираме центри за отпочнување и развој на бизниси со што ќе им помогнеме на младите да ги реализираат своите бизнис идеи за да ја гледаат својата иднина во своето родно место.

Постојано ќе работиме на соработка и здружување помеѓу бизнисите, општината и граѓаните за да заеднички овозможиме нови работни места кои ќе бидат со повисоки плати за квалитетен живот.

Бизнис заедницата ќе биде наш партнер со кој ќе ги дефинираме приоритетите и со кој заеднички ќе го следиме локалниот економски развој.

Почитувани, посветеноста и одговорноста ги враќа парите назад кај граѓаните. Гази Баба ќе биде модерна и квалитетна општина која ќе овозможи квалитетен живот за сите“, изјави Борче Георгиевски, кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски