(ВИДЕО) Георгиевски: Општина Гази Баба може да биде модерно, развиено и посакувано место за живеење

Од:

„Ја започнувам мојата кампања за градоначалник на Општина Гази Баба од манастирот Св. Илија во село Виниче.Овде сум се родил. Овде сум крстен.

Горд на моите предци и моето потекло од каде сум го започнал животниот пат го започнувам и политичкиот натпреварот за прв човек на општината.

Од падините на Скопска Црна гора се обврзуваме да создадеме услови во сите рурални населени места од Дрма, Идризово, Јурумлери, Гоце Делчев, Трубарево, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Смилковци,Булачани и Раштак да изградиме канализација.

Да обезбедиме чиста и здрава вода за пиење во селата Раштак, Булачани и Страчинци.

Здравјето на луѓето ни е најважно.

Новата локална власт ќе носи планови и проекти за нови патишта и улици, канализации, водоводи, градинки, училишта, спортски терени и гасна мрежа.

Започнуваме со гасификација од Автокоманда и Железара, започнуваме со изградба на основното училиште Вера Јоциќ во Хиподром. Градиме нови детска градинка во Стајковци, Сингелиќ и Керамидница .

За младите од овој крај ќе изградиме Спортско рекреативен центар, „Стајковци-Црешево“, кој ќе преставува мулти функционален спортски центар.

Овој крај од општината ќе биде современо место за живеење.

Урбана, развиена и модерна. Таква ја гледам и таква ќе биде општина Гази Баба.
Имаме план како напластените инфраструктурни проблеми на граѓаните од општината да станат минато.

Со вашата поддршка и нашето искуство, мотив, инспирација и знаење ќе ја направат Општина Гази Баба модерно, развиено и посакувано место за живеење“, изјави Борис Георгиевски, кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ