(ВИДЕО) Георгиевски: Обезбедуваме социјална сигурност за ранливите категории граѓани во општината

Од:

„Почитувани граѓани на општина Гази Баба. Секојдневно имаме средби со голем број на жители со кои разговараме за решенијата на проблемите по промената на локалната власт на 15 – ти октомври.

Заедно се соочуваме со проблемите, но и се обврзуваме да најдеме решение за истите.

Ние цврсто стоиме зад определбата дека секој е важен и дека општината треба да биде отворена и одговорна во давањето помош на оние на кои им е најпотребна.

Во текот на денешниот ден имаме повеќе средби со граѓани кои се дел од ранливите категории на кои отворено им ја даваме својата помош и директно се обврзуваме дека идната локална власт одговорно ќе се заложи за решавањето на нивните проблеми.

Таков е случајот со фамилијата Величковски во чија што посета сме денес. Разговараме за условите за живот на ова семејство кое неодамна доби три нови членови, се родија три нови деца. Денеска доставивме симболична помош за семејството, но како идна локална власт се обврзуваме дека и ова семејство и другите ранливи категории граѓани ќе ја имаат нашата помош и поддршка, за да имаат што подобри услови за живот.

Со помош и поддршка од централната власт директно ќе влијаеме на подобрување на социјалните услови, ќе поддржиме отворање на нови работни места како и до квалификации со кои ќе се подобри квалитетот на живот и на овие групи граѓани.

Ние го застапуваме ставот на функционирање на едно општество во кое сите ќе имаат еднакви можности и ќе имаат иднина онаква каква што секој од нас заслужува.

Ќе работиме по план за целосно реализирање на проектите и овозможување живот за сите во Гази Баба“, изјави Борче Георгиевски, кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје