(ВИДЕО) Георгиевски: Нова фабрика за тешка индустрија во склоп на Железара нема да се гради

Од:

„Не е вистина дека во Гази Баба ќе се гради нова фабрика за тешка индустрија во рамки на комплексот Железара.

Самиот опфат согласно ГУП кои е на важност до 2021 година предвидува и таква намена, но вистината е сосем поинаква.

Со овој објавен оглас се опфаќаат компатибилни намени од Г1, Г2, Г3 и Г4 кои се однесуваат на лесна и не загадувачка индустрија. Исто така во објавениот оглас се предвидува и намени од Д1, Д2, Д3 и Д4 кои се однесуваат на јавно и заштитно зеленило, како и намени Б2 и Б4, односно деловни објекти.

Место за паника нема, граѓаните да бидат спокојни во општина Гази Баба нова фабрика за тешка индустрија нема да се гради“, изјави градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

Пожар во парк шумата „Гази Баба“

Горан Наумовски

46-годишен маж е пронајден починат во двор во Гази Баба

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба