(ВИДЕО) Георгиевски: На 29-ти октомври да ја потврдиме одлуката која во Гази Баба ќе го донесе бранот на промените

Од:

Борис Георгиевски, кандидат за градоначалник на општина Гази Баба од коалицијата „За живот во Македонија“ денеска изјави дека граѓаните се исправени пред конечната одлука која треба да ја потврди конечната победа и која во Гази Баба ќе го донесе бранот на промените, како што се случило во цела Македонија.

– Се обврзуваме уште еднаш дека ќе работиме по план, одговорно и транспарентно кон граѓаните на нашата општина. Имаме енергија и знаење од Гази Баба да создадеме пример за модерна и современа општина. Јас заедно со мојот тим се обврзувам дека еден од клучните проекти кои ќе бидат реализирани е целосна гасификација на нашата општина. Со поддршка на централната власт ќе обезбедиме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка до фирмите и до секое домаќинство во општината, рече Георгиевски.

Тој додаде дека на овој начин ќе се создадат услови за намалување на трошоците на граѓаните, но иза обезбедување на чиста животна средина и чист воздух за сите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО