(ВИДЕО) Георгиевски: Младинските политики и задржувањето на нашите деца тука – главни приоритети

Од:

„Почитувани граѓани, драга младино, промените во нашата општина неминовно ќе се случат на 15 ти октомври.
Свесни сме дека младите се највитален дел и една од клучните движечки сили во општеството.

Јас и мојот тим целосно се обврзуваме дека еден од главните приоритети на идната локална власт во Гази Баба ќе бидат младинските политики и задржувањето на нашите деца тука, во својата татковина.

Со поддршка од централната власт ќе успееме иднината на нашите деца да ја обезбедиме во нашата општина.

Со воведувањето на гаранцијата за млади овозможуваме секој млад човек по завршувањето на образованието да добие понуда за вработување, доквалификација, пракса или тренинг.

Во овој контекст сакаме да ве информираме дека во нашата општина во соработка со локалните компании ќе формираме општински економски совет составен од претставници на локалната власт и бизнис заедницата.

Советот ќе обезбеди континуиран раст на стипендирањето на најдобрите ученици во 3те технички училишта на територија на општината.

По завршувањето на образовниот процес на истите тие им се гарантира вработување.

Дополнително, квалитетните бизнис планови ќе добија поддршка за реализација од бизнис центрите со што ќе се овозможи отворање на нови работни места.

Почитувани, Гази Баба ќе ја направиме пример за општина во која училишните спортски активности ќе бидат секојдневие.

Одговорно се обврзуваме дека новата локална власт ќе донесе вистински промени за сите во Гази Баба“, изјави Борче Георгиевски, кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски