„Исправени сме пред клучната одлука која ќе ги донесе вистинските промени во општина Гази Баба.
Промени кои ќе ни го подобрат квалитетот на живот и ќе донесат конкретни проекти на територијата на општината.
По промената на локалната власт завршува времето на предизборни манипулации и одговорно и транспарентно ќе преземеме конкретни чекори.
Јас заедно со мојот тим се обврзуваме дека еден од клучните проекти кои ќе бидат реализирани е целосна гасификација на територијата на нашата општина.
Ќе обезбедиме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка до фирмите и до секое домаќинство во општината.
На овој начин ќе успееме да ги намалиме трошоците на граѓаните, ќе го овозможиме економскиот развој на општината и директно ќе дејствуваме кон здрава животна средина за сите граѓани.
Почитувани, нашите деца се најважното нешто за сите нас. Условите во кои растат и се образуваат се од примарен карактер. Затоа покрај реконструкцијата и обновувањето на постојните градинки и училиштата на територијата на Гази Баба, ќе изградиме комплетно ново основно училиште во Хиподром и детска градинка во Стајковци.
Нашите деца мора да добијат можност да имаат квалитетен предучилишен и образовен процес.
Драги сограѓани, во изминатата деценија нашата општина беше целосно маргинализирана од властите.
Нашата цел е да изградиме модерна и современа Гази Баба.
Дополнително на територијата на населба Маџари овозможиме изградба на Трговски центар кој ќе го раздвижи и разубави овој дел од општината.
Како една од најголемите општини во земјата сметаме дека Гази Баба тоа го заслужува.
Одговорно ви се обраќам и ја барам вашата поддршка на 15 ти октомври. Имаме квалитетни проекти кои ќе го подобрат животот на сите.
Почитувани, за нас е важен секој граѓанин во нашата општина.
Квалитетното менаџирање ќе донесе вистинско остварување на проектите на идната локална власт во Гази Баба“, изјави Борче Георгиевски, кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба.