(ВИДЕО) Георгиевски: Гази Баба во 21. век има проблеми со животната средина карактеристични за земјите од третиот свет

Од:

Борис Георгиевски, кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба од СДСМ и коалицијата денеска во изјава за медиумите рече дека степенот на хигиена е првиот показател за квалитетот на живот во една општина.

– Општината Гази Баба се наоѓа на специфична надморска висина. Во котлинскиот дел таа буквално лежи на вода со неочистени канали, а населените места немааат ниту пречестителна станица, ниту метар фекална канализација. Планинските села немааат вода за пиење, а и тие што ја имаат ја испуштаат заедно со фекалиите во речните корита. Со еден збор ниту се исчистени каналите, ниту има фекална канализација во 70 посто населени места, рече Георгиевски.

Тој додаде дека со тоа се потврдува фактот дека Општина Гази Баба во 21. век има сериозни проблеми со животната средина, карактеристични за земјите од третиот свет.

– Се наоѓаме на улицата Антон Попов во градското подрачје на општината. Општината се гуши во отпад, нема вода за пиење, а воздухот е со нарушен квалитет.Граѓаните се јасни и сериозни во своите барања, а ние одговорно го слушаме и разбираме крикот за чиста животна средина. Се обврзуваме постојано и навремено да ги чистиме депониите, каналите, да вложуваме во колекторски системи, пречестителни станици, регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и во енергетски ефикасни објекти, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО