„Почитувани граѓани, доаѓа времето на коренити промени и целосна промена на функционирањето на општина Гази Баба.
После 15-ти октомври ќе изградиме општина целосно отворена и услужна кон секој граѓанин.
Општина во која сите без исклучок ќе можат да добијат навремени, целосни и евтини услуги.
Вие граѓаните ќе можете да ги добиете сите услуги на едно место и од локалната и од централната власт. Воведуваме електронски систем на услуги како и мобилни канцеларии во секое село со што општината целосно ќе се отвори кон сите.
Почитувани, јас и мојот тим ќе ги вклучиме сите граѓани во донесувањето на сите клучни одлуки на нашата општина, во носењето на буџетот и транспарентно ќе работиме со тошењето на народните пари и постојано ќе известуваме за сработеното.
Целосно ќе ја вратиме моќта на месните и урбаните заедници преку кои ќе работиме на подигнување на квалитетот на живот на сите.
Новата локална власт целосно ќе работи на модернизација на јавниот превоз, нови пријатни градинки на нашите деца како и чисти и загреани училишта.
Нема да ги заборавиме и загрозените семејства на кои ќе им дадеме нашата помош како нова локална власт.
Сето ова ќе го водиме врз демократските принципи на чие унапредување ќе работиме со полна пареа.
После 15- октомври Гази Баба ќе биде еден вистински модел на отворена и услужна локална самоуправа, општина за сите“, изјави Борис Георгиевски, кандидат за градоначалник на Гази Баба.