ВИДЕО: Георгиевски и Филипче најавија нова поликлиника во Автокоманда

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска ги посетија амбулантите во Автокоманда и Железара, како и поликлиниката во Ченто.

Тие ја увидоа состојбата во која се наоѓаат овие здравствени установи, информираат од општина Гази Баба.

Градоначалникот Георгиевски најави дека на местото на старата и дотраена зграда на амбулантата Автокоманда, која, како што рече, одамна не нуди достојна здравствена услуга за потребите на граѓаните, ќе се гради сосема нова поликлиника.

– Изградбата на новата поликлиника е стратешки добар објект кој ќе биде лесно достапен за сите граѓани на општината и ќе ја доближи примарната и секундарната здравствена заштита до граѓаните. Општината е во фаза на донесување на деталана урбанистичка документација каде што со новата поликлиника ќе има и пропратни други содржини од делот на здравството и социјатата, кои ќе овозможат граѓаните од Автокоманда на едно место да ги добијат најнеопходните здравствени и социјални потреби, посочи Георгиевски.

Во амбулантата Железара и поликлиниката Ченто, кои се во добра инфраструктурна состојба, ќе се работи на доопремување на кабинетите, како и доекипирање и усовршување на кадрите.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години