„Драги битолчани, драги сограѓани, добровечер. Вечерва нашиот отпор продолжува на Сали мостот. Нашиот отпор како една форма на мирен граѓански протест под раководство на сојузот за иднината веќе стана препознатлив за слободата на говорот, за правната држава и демократијата.
Демократијата која на 24-ти декември, минатата година црниот понеделник кога опозициските пратеници за време на расправата за буџетот беа прво истепани а потоа исфрлени од собранието, на новинарите им бешен забранет влез во собранието. Ова е отпор против буџетот за 2013-та, затоа што е донесен на нелегитимен начин и е против уставот на нашата република“, рече Д-р Дијана Георгиевска.
Ова, вели таа, е отпор во името на 370 илјади граѓани кои го дадоа својот глас за опозицијата на последните парламентарни избори. Ова е отпор за прочистен избирачки список, ова е тпор за трајност на нашиот глас, против присилно гласање, ова е отпор против недомаќинското трошење на нашите пари и стотици милиони евра фрлени за споменици.
Против разединувањето на нашиот народ, отпор против розевата пропаганда на оваа влада, која веќе неколку години им ги пере на сите мозоците и не ја претставува реалната ситуација во нашата држава. Ова е отпор во името на 300 илјади невработени, наши сограѓани. На над 500 илјади сиромашни. И уште толку празни џебови. Ова е отпор против лажната демократија на оваа влада. Затоа што се надева дека со само 550 денари во очи локалните избори ќе може да ги купи гласовите на пензионерите. Ова е отпор во името на сите пензионери кои во почетокот на новата година на своите деца, на своите внуци им посакаа, подобар просперитет и што поскоро вработување.
Е ова се вредностите на отпорот, на Сојузот на иднината. Е токму и само Социјалдемократскиот сојуз, како една и најголема опозициска партија во Сојузот на иднината го има легитимитетот, ја има силата да го поведе овој народ, да го сплоти овој народ на патот на слободата и демократијата на правната држава. Затоа почитувани сограѓани, дојдете и придружетени се во отпорот за подобра иднина. Отпорот продолжува.