(ВИДЕО) Георгиевска: Најавите за бојкот на пописот се повик за кршење закон, доказ за антидржавната матрица на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Најавата од ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поднесување закон за поништување на Законот за попис е крајно антидржавно однесување, изјави денеска пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска.

Таа по барање на новинарите на денешната прес – конференција да ја коментира најавата од ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поништување на законот за попис и на прашањето дали можеби очекува бојкот на опозицијата и опструкција за спроведувањето на пописниот процес, нагласи дека оваа иницијатива односно овој начин на деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ околу собирањето на потписи, како што рече, и воедно повикувањето на бојкот на граѓаните за да го бојкотираат пописот е крајно антидржавно однесување.

– Се надеваме дека во наредниот период ќе ги преиспитаат своите одлуки околу собирањето на потписи заради тоа што деструктивното однесување и повикувањето за непочитување на законот за попис којшто е од исклучителна важност за нашата држава и за креирањето на понатамошните политики особено во однос на економијата, изјави на денешнта прес-конференција пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?