(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

Од:

Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената криза од западнонилска треска. Македонија е на првото место во Европа по бројот на заболени во однос на бројот на жители, пред земји како Италија, Грција и Романија. До 1 септември регистрирани се вкупно 56 случаи на западнонилска треска, а седум лица починаа. Не се ова статичките бројки, човечки животи се загубени. Повторно, исто како и со здравствената криза со водата во Гостивар, институциите на Микоцски и Клековски задоцнија со реакцијата, изјави Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

– Владата нема капацитет да превенира и навреме да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира. Дури ниту прскањето против комарци не беше спроведено навреме. Не функционира системот за превенција, заштита и контрола на вектор-преносливите болести. Не функционираат градоначалниците на ВМРО-ОКГ. Не функционираат здравствените институции. Кога СДСМ бараше системски мерки, Национален штаб, ентомолошкиот мониторинг, национална карта на ризик, власта не игнорираше.

Мицкоски и Клековски заминаа на екскурзија кога одговорот на државата требаше да биде најсилен. Истото се случуваше со кризата во Гостивар кога околу 5.000 граѓани завршија во болници. Прво се криеше од јавноста, па институциите задоцнија, на крај создадоа хаос. Осум недели подоцна, јавноста сè уште чека одговори, извештај за водата и одговорност. Со западнонилската треска повторно гледаме задоцнета реакција откако бројот на заболени и починати веќе порасна. Истиот модел, истиот институционален хаос.

Задачата на институциите е да превенираат, да контролираат, навреме да реагираат за да го заштитат населението. Кога системот не функционира, кога превенцијата доцни, кога институциите молчат и кога никој не презема одговорност, цената ја плаќаат граѓаните. Со своето здравје, а за жал, и со своите животи. Одговорност мора да има, кажа Младеновска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он