(ВИДЕО) Георгиев: Груевски нека си ги прибере кучињата касапски!

Од:

Ќе победиме. На улица ќе бидеме се додека не победиме, рече пред штипјани Гордан Георгиев.

Маринела и Биљана, рече, беа пратеничките кои го претрпеа најголемиот удар.

Да не беше Маринела немаше да се знае за нацистичката идеја на Јанкуловска да ги исфрли новиарите, ако не беше Маринела со телефонот немаше цел свет да види нешто што не се случило. 40 насилници влегоа и брутално не исфрлија. Една од првите беше една најборбените, Биљана Казанџиска. Нека дојде сега Груевски да му го покажеме медицинскиот наод на Казанџиска. Пред мои очи видов како Маринела беше исфрлена, беше газена од 20 битанги од полицијата. Тоа нема да го простиме и заборавиме. Сцените со Јанкуловска и со Ставревски како мафта и како дели наредби како да не исфрлат, со марионетата Вељаноски, нема да ја заборавиме. Сите ќе бидат третирани соодветно во новата слободна Република Македонија. Груевски нека си ги прибере кучињата касапски, не сакаме насилство, туку да ги победиме на слободни демократски избори, рече Георгиев.

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он