(ВИДЕО) Генчовска: Нема нов француски предлог, нема никаква промена

Од:

„Не, нема промена во францускиот предлог. Таква промена нема“. Ова за БГНЕС го изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во врска со наводите во Република Македонија дека има промена на предлогот од Париз.

Таа прецизира дека во протоколот што денеска го потпишаа двајцата министри -Теодора Генчовска и Бујар Османи, има конкретни термини кои се дел од Преговарачката рамка.

„Има механизам да се контролира неговата имплементација. Тоа не е само билатерален протокол“, рече Геночвска на прашањето на БГНЕС, „дали постои опасност денешниот протокол да ја следи судбината на првиот од 2019 година и тој да не се спроведе“.

Бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, за БГНЕС изјави дека е загрижен од антиевропските говори во РСМ последните недели и ја повика политичката елита и локалните медиуми да тргнат по патот на европеизацијата на државата.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

A1on

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

A1on

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Бугарски историчари: Цар Самуил и Охрид се бугарски, прва победа во историските спорови со Македонија

A1on