(ВИДЕО) ГДУ: Филипче и тимот што раководи со Клиничкиот центар да не се правдаат со претходната власт

Од:

Во склоп на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ , во оделот хирургија има дива депонија во која најверојатно има и медицински отпад, реагираа преку соопштение од Граѓанско Демократската унија. Од партијата заедно со соопштенеито испратија и низа фотографии и видео снимка.

ГДУ: Трагедијата во македонското здравство со слика и видео

Почитувани,Би сакале да ја алармираме јавноста за ситуацијата во која се наоѓа Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Сликите и видеата што сакаме да Ви ги презентираме ја отсликуваат очајната положба во која се наоѓа нашето здравство. Го молиме г-нот министер за здравство Венко Филипче и тимот којшто раководи со Клиничкиот центар да не се оправдуваат со претходната власт и недостатокот на средства бидејќи за да се решат проблемиве, што ги презентираме не е потребна астрономска сума на пари, туку едноставно желба да се сработи нешто за доброто на сите граѓани. Г-не Филипче, доволно време сте министер, немате простор за оправдувања! Ова што следува не е погодно за драмска пропаганда од типот „еве и јас го вакцинирам моето најмило“. Ви покажуваме фотографии и видеа на кои јасно се гледа како:- Во склоп на Клиничкиот центар (во оделот Хирургија) има дива депонија во која најверојатно има и медицински отпад.- Влезот на интерна медицина (којашто треба да важи за најреномирана државна здравствена институција во Македонија) е со искршена табла, а ходниците се прокиснати и излупени.- Клиниката за очни болести може да се „пофали“ со распаднати и искршени прозори.- До детската клиника има фабрика со оџаци и истата активно го загадува воздухот во близина на болните дечиња.Ние од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ прашуваме: Кој и колкава одговорност ќе понесе поради фактот што Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ повеќе личи на напуштен мексички затвор, отколку на модерен комплекс клиники во земја со евроатлантски аспирации?Ние од ГДУ бараме одговорност за ова ситуација од личноста што стои на врвот на пирамидата, а имено министерот Венко Филипче. Бараме од него да се повлече од функцијата, бидејќи како што гледаме не е добар менаџер и ете не успева да се справи со овие проблеми. Тоа е само дел од трагедијата во која се наоѓа македонското здравство, затоа г-не министер и г-да директори на болниците, ако не сте способни да ги завршувате Вашите работни обврски и да ги решавате проблемите на институциите што Ви се дадени да раководите со нив, напуштете ги удобните фотелји и покажете барем капка доблест.Со почит,Граѓанско Демократска Унија-ГДУ

Posted by Граѓанско Демократска Унија on Четврток, 24 јануари 2019

„Влезот на интерна медицина, којашто треба да важи за најреномирана државна здравствена институција во Македонија е со искршена табла, а ходниците се прокиснати и излупени.

Клиниката за очни болести може да се „пофали“ со распаднати и искршени прозори.

До детската клиника има фабрика со оџаци и истата активно го загадува воздухот во близина на болните дечиња“, стои во соопштението на ГДУ.

Оттаму посочуваат дека македонското здравство се наоѓа во очајна положба, а до министерот за здравство, Венко Филипче, и тимот којшто раководи со Клиничкиот центар, упатија апел да не се правдаат со претходната власт и недостатокот на средства бидејќи за да се решат овие проблеми, како што посочија од ГДУ не е потребна астрономска сума на пари, туку едноставно желба да се сработи нешто за доброто на сите граѓани.

„Г-не Филипче, доволно време сте министер, немате простор за оправдувања! Ова што следува не е погодно за драмска пропаганда од типот „еве и јас го вакцинирам моето најмило“. Прашуваме: Кој и колкава одговорност ќе понесе поради фактот што Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ повеќе личи на напуштен мексички затвор, отколку на модерен комплекс клиники во земја со евроатлантски аспирации?

Бараме одговорност за ова ситуација од личноста што стои на врвот на пирамидата, а имено министерот Венко Филипче. Бараме од него да се повлече од функцијата, бидејќи како што гледаме не е добар менаџер и ете не успева да се справи со овие проблеми“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Катните гаражи на Клинички центар ќе се градат со јавно-приватно партнерство

Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови

Три фирми заинтересирани за тендерот за компресорската станица на Клинички центар

Вработена на скопските Клиники била нападната на работното место

Таравари именуваше четворица нови директори на здравствени установи

Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници, за останатите пет се очекуваат законските предлог-измени