ВИДЕО: Газдата на „Никофон“ избега од камерите

Од:

Никола Настески, сопственикот на „Никофон“ и на парцелата за изградба на барокна катна гаража кај „Аутомакедонија“ во центарот на Скопје денес избега од камерите. Тој рече дека не се снаоѓа добро пред камера па затоа не сака да го снимаат додека зборува за проблемот околу изградбата на катната гаража која жителите, но и Општината, велат дека нема да дозволат да се изгради.

Рече дека преку имејл ќе одговори на сите прашања и избега на другиот крај паркингот. Не си замина туку остана од далеку да ја следи средбата на градоначалникот со станарите кои се решени да не дозволат да се изгради објектот.

Иако најави одговори, до објавување на текстот, Настески не одговори на прашањата од „А1он“.

Заедно со него средбата на градоначалникот со станарите ја следеа уште неколкумина кои со себе имаа геодетска опрема, но не се доближија до парцелата.

Станарите околу парцелата и денес, исто како и неколкупати во изминативе години се понудија на Настески да му исплатат 127.000 евра, колку што тврдат дека ја платил парцелата, за да им ја отстапи.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Град Скопје ќе гради катна гаража во Клинички

Катерина Ѓуровски

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ