(ВИДЕО) Гаши: Етнички концепт за Албанците и граѓански за останатите

Од:

Не може еден субјект да биде само етнички и не може да биде само граѓански, сега засега. Ние ќе направиме јасна дистинкција што се барања за етничките заедници и во однос на тоа ќе настојуваме Албанците да бидат рамноправни граѓани на оваа држава. Но, што се однесува до граѓанските права, тука ќе бидеме инклузивни и ќе работиме 100 проценти тоа да биде право за секој граѓанин, вели Африм Гаши, еден од основачите на политичкото движење Беса, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Зошто се решивте да ја формирате Беса и каква платформа и програма ќе понудите?

Беса е политички субјект кој сакаме да го формираме и сме на оваа политичка сцена затоа што многу работи во ова општество, не одат така како што сакаме да одат. Имаме меѓуетнички проблеми, проблеми на економски план, на социјален план… Ние како млада генерација настојуваме да изградиме еден нов концепт на државно уредување, нов начин на функционирање, да направиме една нова Македонија која ќе има нов функционален систем кој би бил подобар за сите граѓани во Македонија. Првенствено поради правилата на политичката игра кои се поставени во нашето општество, сме организирани како политички субјект кај Албанците, па преку нив да дојдеме во ситуација да изградиме, да настојуваме да изградиме нов политички систем.

Како ќе се наметнете покрај владејачката ДУИ и опозициската ДПА кои доминираат на политичката сцена и не дозволуваат нивниот терен да биде загрозен?

Што се однесува до наметнувањето, мислам дека не треба многу да се наметнуваме, има многу голем оставен простор. Во однос на содржината на политичко дејствување, овие субјекти коишто ги споменавте, тие се на сцената и зафатиле одреден простор, но содржински и супстанцијално не ги претставуваат и не ги исполнуваат барањата или тоа што тие го ветиле пред своите гласачи. Ако сакате емпириски, повеќе од 50 проценти од Албанците не излегуваат на гласање, ние тој дел и така ќе го таргетираме, но секако и во однос на тие што гласале досега, има многу Албанци коишто се разочарани од субјектите коишто ги гласале претходно. Претходните субјекти оставаат многу простор, тие не изградија свој концепт, не се изјаснија што сакаат со Македонија, што сакаат со Албанците, не покажаа некоја визија за некој процес кој ќе го дотуркаат во иднина, затоа мислиме дека просторот е оставен, дека има многу простор за тоа. Ние излегуваме со јасен концепт во кој и Албанците ги гледаме во државата, и државата ја гледаме во наредните 20 години, и знаеме, имаме идеја како тоа би се движело. Затоа мислам дека нема да биде проблем како ќе се наметнеме.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Ахмети да не се крие во Швајцарија, да дојде да каже за планот за враќање на Груевски

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување на државата со политички конструкции

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски