(ВИДЕО) Гарет: Спорот за името може да се реши на долг рок

Од:

Со вистинско лидерство, храброст и флексибилност од двете страни, може да се дојде до решение, кое ќе биде компромис и како и секој добар компромис може ќе им даде чувство на двете страни дека нешто изгубиле, но тука е на тест флексибилноста, лидерството и храброста, вели британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На три дена пред официјалното објавување, какви се Вашите очекувања од октомврискиот извештај на Европската унија за напредокот на нашата земја?

Сè уште не сум го видел извештајот, како што знаете, се пишува во Брисел и е производ на многу разговори помеѓу 28 земји-членки и Комисијата. Со оглед на тоа дека не сум го видел, не можам да кажам што ќе има во него, само што би очекувал, а тоа е оценка на статусот на Македонија во различни области, каде имало напредок во изминатите 12 месеци, а каде би требало Македонија да поработи во идниот период. Очекувам да биде балансиран извештај.

Реална ли е опасноста за Македонија да ја изгуби препораката за почеток на преговорите со Европската унија?

Да, како што реков, извештајот е производ на мислењата на 28-те земји членки, а сите тие имаат различен став за статусот на напредокот на Македонија. Некои од нив изјавија дека Македонија е под копенхагенските критериуми, додека други сметаат дека Македонија ги исполнува. Сè додека постои таа дебата во Европската унија, постои ризик Македонија да не добие препорака. Британија смета дека Македонија е над границата на копенхагенските критериуми, но дека има области во кои треба сериозно да се работи. Ние би сакале да продолжиме да работиме со Македонија, да помогнеме во различни области.

Би можело да ве интересира

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он