(ВИДЕО) Гацов: Скандалозно и на Онкологија – Болни од рак не успеваат да дочекаат преглед и лек

Од:

„Не си ги купуваат пациентите сами лековите само на Кардиологија. Не им дошепнуваат само лекарите на Кардиологија на семејствата на болните, дека лекови нема.

Министерот Тодоров одмолча за Кардиологија, но сега треба да објасни и за состојбите на Клиниката за онкологија“, изјави Дејан Гацов, член на Комисија за здравство на СДСМ.

„Тодоров е должен да и соопшти на јавноста колкав број граѓани болни од рак не успеваат да ги дочекаат закажаните дијагностички прегледи, поради непотребните процедури што ги воведе?

Следна грижа на граѓаните кои имале среќа да стигнат до дијагностички преглед, е да дојдат на ред навреме да се оперираат.

Откако ќе се оперираат, на Клиниката за онкологија ги чека нов стрес. Цитостатикот што треба да го примаат најчесто не е на позитивна листа. Мораат сами, од свој џеб да го купат, иако цел живот уплаќаат редовно задолжително здравствено осигурување! При тоа вработените на Онкологија тивко им шепнуваат на семејствата дека во Македонија “тој“ цитостатик “на приватно“ е 200 евра, а во Бугарија е само 30 евра. 7 пати поефтин!

Зошто болните од карцином се доведени во оваа состојба?

Тодоров нема право да молчи. И така на негова совест се многу пациенти, дел од нив за жал деца, кои поради лошите приоритети и непотребните процедури што ги воведе оваа власт, ја изгубија битката со болеста.

За катастрофалните состојби во здравството кријат медиумите под контрола на Груевски корумпирани со пари од граѓаните.

Раководствата на клиниките немаат право да ги бранат политиките на Никола Тодоров на штета на здравјето на граѓаните од кои примаат плата.

Оваа власт на чело со Тодоров и Груевски го срози до темел јавното здравство и ги загрози животите на пациентите.

За тоа ќе ја добијат својата казна од граѓаните кои ќе изберат одговорна Влада.

СДСМ во својата Програма има конкретни мерки за квалитетно јавно здравство и здравствени услуги чијшто приоритет е здравјето на граѓаните, а не тендери и бизниси.

Ќе ја вратиме вербата кај граѓаните, дека за оние кои ќе имаат потреба, ќе биде направено `се што е можно во рамките на медицината, да бидат излекувани.

Ќе направиме сериозна ревизија на вистинското потребно време за поставување дијагноза и најбрз почеток на третман за сите сериозни заболувања.

Јавно и транспарентно ќе ги објавиме протоколите по коишто се третираат онколошките пациенти и достапните терапии на клиниката.

Дошепнувања нема да бидат повеќе потребни“, рече Дејан Гацов, член на Комисија за здравство на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел