(ВИДЕО) Фрчкоски: Договорот кој го потпишаа Србија и Косово има политичко, безбедносно и економско значење за Македонија

Од:

На 4 септември, Белград и Приштина, во Белата куќа, со посредство на американскиот претседател Трамп, склучија договор за нормализација на економските односи, а тоа наиде кај дел од јавноста на критики, делумен молк, но и оценки дека се работи за историски чин. Според професорот ваквите договори на Балканот се вистинска реткост, во принцип многу важни и поради тоа, договорот е за поздравување.

„Договорот е многу важен, дури и без онаа одредба за признавање на Косово од страна на Србија, која пред самото потпишување, веројатно, на инсистирање на Србите, е исклучена за да се спаси образот. Договорот, кој вклучува решавање на речиси сите спорни прашања за границата, економската соработка, можноста за блокади на границата во иднина, значи еден голем економски и политички потег“, оценува тој.

Во однос на прашањето дали со идната економска соработка Србија го признава Косово како независна држава, тој одговори дека во меѓународното право една држава не мора да ја признае другата формално де јуре, но ако таа влезе во економски однос со другата, како во овој случај, има де факто признавање поради што Косово остварува важна добивка од договорот.

„Ова е вин-вин ситуација, а за регионот тоа е битен елемент за стабилизација, од договорот не може никој да биде загрозен и тоа е подобрување на таа криза во врска со косовско-српските односи, кои нам ни висат на врат, како и на Црна Гора и на Албанија, и во оваа смисла тоа е релаксирање на тој елемент, така што не може никој да биде загрозен“, смета Фрчкоски.

За поврзаноста на меѓународниот договор со Македонија, професорот рече дека за нашата земја тој е од политичко, безбедносно и од економско значење.

„Политички и безбедносно е тоа што ги релаксира концептите за размена на територии, за редизјанирање на границите, кои се вознемирувачки за нас, исто така дестабилизирачки за регионот и добро е што таквите апокалиптички сценарија остануваат комплетно надвор од игра. Економското значење во секој случај останува отворено за нас, Косово практично беше нашиот сериозен пазар, не Србија, Албанија и Бугарија, а Грција во дел – да. Ние требаше досега да направиме далеку поголеми напори со Косово бидејќи тоа е една територија што за неа работеа цело Тетово, Гостивар за градежната индустрија таму. Мое мислење беше дека ние требаше да го искористиме моментот повеќе бидејќи сега Србите ќе влезат таму без никакви големи резерви и тој простор ќе почнат да го пополнуваат“, изјави тој.

Фрчкоски во разговорот за „А1он“ додаде дека Македонија го испуштила моментот да биде далеку поприсутна на пазарот и, како што рече тој, ова статус кво во односите со Косово не било искористено за позиционирање на нашата земја. Професорот верува дека една активна политика кон Косово може да биде само од корист за нас.

Тој заклучи дека со влезот на Македонија во НАТО, решавање на тензиите, како и со почетокот на преговорите со ЕУ, се прави сериозен чекор кон стабилизација на регионот.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски поднел оставка, не е веќе амбасадор во ОН

Горан Наумовски

Фрчкоски: Не е никаков проблем да се повлечам од функцијата кога не сум „погоден“ на идеологијата на новите власти

Горан Наумовски

Левица: Фрчковски гласаше „против“ Резолуцијата за Борба против фашизмот и нацизмот

Заев не сака да ги коментира пишувањата за Фрчкоски додека не завршат постапките за амбасадори

Дали Заев по шамарот од САД го подгoтвува Фрчкоски за уставен судија или амбасадор во Белград прашува ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Фрчкоски хоспитализиран поради Ковид-19, состојбата му е стабилна

Катерина Ѓуровски