(ВИДЕО) Филипче: Тајните договори со Британија отвораат сомнеж за мигрантска гласачка машинерија на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција побара од Владата да ги обелодени деталите од, како што ги нарече, „тајните договори“ со Велика Британија, предупредувајќи дека тие може да водат кон масовно населување мигранти во Македонија.

Филипче оцени дека во момент кога Европската Унија ги заострува политиките кон мигрантите, а земјите во регионот одбиваат вакви модели на соработка, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја изложува Македонија на сериозен ризик.

„Дали Македонија ќе стане Мека за мигранти? Дали ќе добиваат македонски пасоши и ќе станат гласачка машинерија на ВМРО-ДПМНЕ?“, праша Филипче, додавајќи дека многу одговори недостасуваат за тема од голема државна важност.

Тој го поврза ова прашање и со најавениот заем од 6 милијарди евра. „Дали ова е цената за кредитот што ќе го отплаќаат идни генерации?“, рече претседателот на СДСМ, предупредувајќи дека „не смееме да дозволиме насилно внесување на мигранти во земјата“.

Филипче се повика и на европската статистика, според која, како што истакна, лошо спроведените миграциски политики носат безбедносни и општествени последици. „Германија, Британија, Шведска тешко се справуваат. Како ќе се справиме ние со нефункционални институции?“, праша тој.

Според него, наместо транспарентност, Владата води „црна кампања“ против СДСМ. Филипче додаде дека обвинувањата за тајните договори биле потврдени со објавите во британските медиуми.

„Од странски медиуми дознаваме за планови за интеграција на мигрантите, нивно долгорочно населување, вклучување на пазарот на труд – особено во градежништвото – и исплата од 20.000 фунти по депортиран мигрант на Македонија. А нашата влада молчи“, истакна тој, оценувајќи го тоа како „скандал од невидени размери“.

СДСМ денес ја најави и првата граѓанска иницијатива против овие политики. Филипче најави онлајн-петиција и порача дека, доколку Владата не реагира, ќе следат „уште посилни чекори во интерес на државата и безбедноста на граѓаните“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла, пресметка Мицкоски-Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Филипче: Загрозен Вториот пензиски столб – нема пари во буџетот па ќе се трошат заштедите?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија со ВМРО единствено забрзува кон пропаст

А1он

Филипче: Дали Сиљановска-Давкова сака да се приклучи на Фронтот за вистина и правда?

А1он

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв