(ВИДЕО) Филипче: Сите мерки кои ги носевме досега, сега даваат резултати

Од:

Сите превентивни мерки кои ги преземавме на почетокот и сите мерки што ги носевме како надградба, во смисла на рестрикација на движењето, препораки за организација и обезбедување доволна физичка дистанца сега даваат резултат. Сето тоа доведе да имаме линеарен пораст на пацинети и да имаме број на пациенти што може да биде примен во болниците и соодветно да се третира, изјави министерот за здравство Венко Филипче, зборувајќи на онлајн прес видеосесија Ковид-19 на тема „Ретроспектива: коронавирус МК“.

Нагласи дека болничките капацитети и сега не се преполнети, укажувајќи дека искористени се половина од иницијалниот капацитет на Инфективната клиника, околу дваесет проценти од болницата 8-ми Септември и сосема мал процент на исполнетост на инфективните одделенија на другите болници.

Во живо: КОВИД – 19 Прашања и одговори: ретроспектива – коронавирус МК

Во живо: КОВИД – 19 Прашања и одговори: ретроспектива – коронавирус МК

Posted by A1on.mk on Сабота, 18 април 2020

Навремено беа донесени и сите дополнителени мекри, рече Филипле, како целосно затворени викенди, полициски час од 21, а потоа од 16 часот и одделувањето на старите и младите групи на граѓани.

– Сметам дека и во периодот кој што следи ќе дадат дополнителни резултати во смисла на тоа трансмисијата на болеста значително да се намали и некаде на почеокот на мај ние да имаме период во кој бројот на новодијагностицирани пациенти ќе се намалува и ќе бидеме во ситуација да ги попуштаме рестриктивните мерки, изјави Филипче.

Нагласи дека сите земји во светот се соочуваат со истиот предизвик, и дека ниту еден здравствен систем не предвидел дека може да се случи вакво предизвик.

– Заеднички е заклучокот дека оваа болест ќе донесе трајни промени не само во животот, туку и промени во здравствените системи. Ќе биде потребно да се одделат здравствените институции, едни само за третман на пациенти со Корона вирус, други само за пациенти кои се негативни. Сето тоа бара реорганизација и ние тоа го започнавме, изјави Филипче.

Укажа дека со нашиот пристап каде се става акцент на матичните лекари, веќе сме подготвени да одиме и во следната фаза кога ќе се попуштаат мерките за самоизолација и движење и да можеме и тој секундарен удар да го издржиме, исто како што тоа го правиме и сега.

Сите држави, посочи тој, се соочуваме со нешто непознато досега и сите мерки, препораки и насоки ги црпиме од знаењето и стручноста на епидемиолозите и членовите на Комисијата за заразни болести.

– Сметам дека е добро што почнавме многу рано. Веќе на крајот на јануари беше поставен скрининг на аеродромот, понатаму на другите сувоземни премини. Тоа усогласување на работата на повеќе институции од здравствениот и сите други сектори се покажа дека дава резултати понатаму. Најтешко е работите да се иницираат и постават на свое место. Потоа ротацијата на луѓето и надградувањето на овие мерки доаѓа само по себе и многу помал предизвик, изјави Филипче.

По идентификувањето на првиот случај на крајот на февруари, посочи Филипче, полека од превенција мерките се насочија кон организирање на здравствените институции.

– Точно се одредија јавно-здравствените установи каде што ќе бидат лекувани овие пациенти. Анализа на терапијата која може и треба да се дава. Сметавме дека е добро да се надгради капцитетот на Инфективната клиника, каде се постави мобилната болница со што се дуплираше капацитетот. Се направи систем на ротација на здравствени работници, кои имаат искуство во одделите на интензивна нега, изјави Филипче.

Изрази очекување дека на крајот на мај ќе ги видиме ефектите од овие страшни и рестриктивни мерки досега.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on