(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за наставниците, во буџетот има пари за поголеми плати

Од:

Денес сум тука во поддршка на наставниците и просветните работници кои дојдоа да испратат порака на незадоволство од одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да ја прекине политиката на раст на плати. Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати, понижени и запоставени изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

– Мицкоски јасно покажува дека го запоставува образованието, ги запоставува оние кои ни ги учат и воспитуваат децата. Оправдувањата дека нема пари во буџетот се неприфатливи. Ако СДСМ беше на власт ќе имаше пари и за покачување на плати и за почитување на сите колективни договори.

Никој не верува дека нема пари за покачување на платите на наставниците за 12%. Гледаме дека има пари за нови четири министерства и цела армија партиски вработувања, има пари за луксузирања со скапи авионски карти, има пари измислување на нови директорски места во царина и така натаму. Буџетот има пари, но платите не се приоритет. Ако имаше средства во времето на СДСМ, и тоа во најголемите светски кризи, здравствена, економска, енергетска како нема пари овој септември за да се покачат платите на просветните работници. Овој собир пред почетокот на учебната година е алармирање на власта за погрешните политики во образованието. Апелирам Владата да се соземе и сфати дека без редовно покачување на платите, во услови кога цените растат и тие не ги контролираат како тоа што го правеше СДСМ, животниот стандард ќе паѓа. Економијата нема да расте како што најавуваат и ќе создадат се потежок живот за граѓаните и работниците – вели Филипче.

Би можело да ве интересира

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

ВИДЕО: Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно, Филипче за Мицкоски

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија