(ВИДЕО) Филипче: Пикот го достигнавме минатата недела

Од:

Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во однос на болничките капацитети, во внатрешноста има капацитети близу 1000 болнички легла, во Скопје интензивно работевме во изминатиот период за проширување на капацитетите на интерните клиники и се обезбедени близу 200 легла. Клиниката за оториноларингологија има капацитети кои се уште не почнале да се исполнуваат. Ќе бидат на располагање и 100 кревети некаде на почетокот на следната недела од приватните клиники“, вели Филипче.

Министерот вели дека она што охрабрува е што покрај големиот број на новозаразени, расте и бројот на оздравени.

„Координацијата е секојдневна со директорите на сите болници во државата, се случува да некој пациент дојде ненајавен и да се створи нервоза кај семејството, но тоа се менаџира на дневна основа“, вели Филипче.

Министерот Филипче вели дека уште на почетокот на кризата лекарите разговарале и се координирале за начинот на лечење на болните од Ковид-19.

„Во однос на конкретни препораки за лекување и во однос на користење на терапија, имаме пристап да не се препорачуваат лековите кои што не се докажани дека помагаат за оваа болест.

Дел од лековите за кои се дискутира се лекови само за болничка употреба, а за Фавипиравирот има 30 студии кои не се се уште завршени“, вели Филипче.

Тој вели дека матичните лекари постапуваат според клиничката слика и состојба на секој пациент поединечно.

„За оваа болест во светот не постои алгоритам кој што треба да се прати. И ние тоа го гледаме, и преку пациентите кои што се лекуваат преку матичните лекари, и во болничките установи.

Тоа што има пациенти кои што имаат многу широка лепеза на манифестации на болеста, сепак остава простор за еден пристап кој значи лекување според клиничката слика, односно манифестацијата“, рече Филипче.

Министерот вели дека бројот на смртни случаи расте на глобално ниво, од кои 81 процент во регионите на Европа и Америка.

„Во однос на регионот, забележително е дека бројот на нови случаи останува на високо ниво, многу благо се намалува, а бројот на смртни случаи останува висок на дневно ниво“, вели Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on