(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашната граѓанска трибина во Штип во своето обраќање ја истакна исклучителната посветеност на кандидатот за градоначалник, Павел Иванов, како пример за чесност, храброст и верба во социјалдемократските вредности.

„Пред повеќе од една година, по тешкиот пораз на изборите, требаше да се обноват општинските организации. Првата организација што ја средувавме беше штипската. Му се обратив на Павел, го прашав дали е подготвен да ја преземе одговорноста. Тој прифати, иако знаеше дека може да ја изгуби својата работа. И навистина ја изгуби, но остана чесен, храбар и посветен. Тоа е вистинска љубов кон СДСМ и кон социјалдемократските вредности,“ изјави Филипче.

Тој исто така нагласи дека токму таквиот карактер го прави Иванов најдобриот избор за Штип. Филипче воедно зборуваше и за значењето на слоганот на СДСМ „Борба за домот“, истакнувајќи дека тоа е продолжение на историските борби за слобода и правда, од Илинден, преку антифашистичката борба, до денес.

„Нашиот народ точно знае кога некој сака да го угнети, да го замолчи или да го ограби токму тоа што сега го прави ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, Штип со Павел и со сите чесни, отворени и работливи кандидати за советници, чесни отворени работливи луѓе, ќе покаже дека победата е на дофат,“ порача претседателот на СДСМ.

Филипче пред штипјани зборуваше и за работата на актуелниот градоначалник Иван Јорданов кој има 90% нереализирана програма, глас за втор мандат и слабост во соочување на дебати.

„Со Јорданов 4 години Штип е без реконструкција на водоводни мрежи, без проекти за заштита на животната средина. Нема гасификација, нема фотоволтаици. Ги остави граѓаните без редовно водоснабдување, да се гушат во чад и смет кој не се собира редовно. Ама затоа цените на основните услуги и даноци ги зголеми. Ете ова е сликата за вледеењето на Јорданов. 4 години загубено време. 4 години застој и разочарување наместо прогрес и развој на Штип. И затоа и бега од дебата со единствениот против-кандидат, кандидатот на СДСМ, Павел Иванов. Бега бидејќи нема како да го брани своето недомаќинско работење“, рече Филипче набројувајќи ги проектите кои остана само ветување од 2021 година на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба

Филипче: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е како реприза на лош стар филм

А1он

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Прочитан си како буквар, не направи ниту една реформа во судството, не те интересира правда

Горан Наумовски

Герасимовски: Бесплатен оброк за сите ученици, родителите ќе заштедат 2.500 денари месечно

Ливриниќ: Жителите на Скопје Север со право се разочарани, со години наназад слушаат ветувања, а состојбата е непроменета

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и човечност се два различни поими