(ВИДЕО) Филипче: Ова не е горда Македонија, луѓето едвај врзуваат крај со крај

Од:

Сите гледаме, после една и пол година централна власт и повеќе од 4 години централна власт ВМРО-ДПМНЕ и повеќе од четири години нивна локална власт, дека се неспособни да донесат промени и да работат за и во интерес на граѓаните. Се грижат само за себе, за својата удобност и исклучиво за своите членови. Дали ова е гордата Македонија што ни ја ветија? Македонија со понижени земјоделци, со млади кои заминуваат, со семејства што едвај врзуваат крај со крај? Не, ова не е горда Македонија“ истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина во Демир Хисар заедно со коалицијата ја започнаа кампањата за локалните избори.

Филипче исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ, ветија правда, а за граѓаните донесоа неправди притоа потсетувајќи на нефункционалноста на институциите, ниските плати, растот на цените и целосниот застој во економијата и правосудните реформи.

„Ветија реформи, а не започнаа ниту една. Победија со лажен патриотизам, со празни програми од кои не остана ништо. Нема реконструирани локални патишта, нема систем за отпад, депонијата во Стругово секојдневно ги труе граѓаните. Тутунарите се соочуваат со ниски откупни цени, младите ја напуштаат општината, здравството е во колапс, а културното наследство како Спомен-паркот на Даме Груев во Смилево е оставено да пропаѓа. Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Најдовски и ниту еден реализиран проект“, истакна Филипче во Демир Хисар.

СДСМ и коалицијата ја започнаа со граѓанска трибина во под слоганот „Се бориме за нашиот дом“ кој воедно е слоган за борба за поголема грижата, солидарност, правда, слободата и еднаквост и подобар живот за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски