(ВИДЕО) Филипче од Кисела Вода: Мицкоски бил против криминалот, а во партијата седи на столче купено од криминал

Од:

На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Кисела Вода, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да преземе одговорност ако, како што вели, навистина е против корупцијата и криминалот во државата.

„Гледам дека Мицкоски вели дека корумпираните политичари требало да се испратат во историјата. Пазете тој бил криминалофоб. Се плашел од криминалот. Да не беше смешно ќе беше трагично. Еве му шанса на Мицкоски да се послуша самиот себеси и нека се отстрани од политиката. И тој, и неговите соработници“, рече Филипче.

Во обраќањето пред граѓаните, Филипче потсети дека токму партијата предводена од Мицкоски има најголем број кривични пријави, а зградата на ВМРО-ДПМНЕ е изградена со народни пари.

„Замислете, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најбогатата политичка партија во Европа, со седиште од 8 милиони евра изградено со пари на граѓаните од даноци, бил против криминалот. Мицкоски седи на столче во партијата кое од криминал купено ама тој е против криминалот“, рече Филипче.

Тој ја обвини опозицијата за расипничко трошење на јавни средства и партизирано користење на институциите:

„Да ве потсетам: со народни пари си ја платија фирмата што ја работи нивната кампања. На митинзи одат со службени возила, менито во владата веќе го знаете сите“, истакна.

Како што кажа Филипче, кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за криминал треба прво да си погледнат во своиете редови.

„Сите скандали за криминал, тендери по општините, во министерствата кои ги објавивме не ги признаа. Затоа кога зборуваат дека ќе апселе по изборите никого не може да заплашуваат. Нека си погледнат во своите редови.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он