(ВИДЕО) Филипче од Гевгелија: Народот живее тешко, инфлацијата е до плафон, а власта не презема ништо

Од:

„Ниту сме шести во Европа по раст на платите, ниту скандинавски живееме, годишната инфлација не паѓа, таа е 4%, народот живее тешко и тоа е факт“, порача вечерва Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ која се одржа во Гевгелија.

„Годишната инфлација е 4%. И тоа е факт. Ама излегува денеска податок за септември, цитирам „ од месец на месец се намалила инфлацијата -0,2%. Со статистички финти и спинови се обидуваат да ги убедат луѓето дека се како што треба. Па народот знае дека тоа не е вистина, секој ден во маркет, на пазар во продавница, граѓаните знаат колку чини млекото, лебот, знаат колку тешко живеат“, рече Филипче.

Филипче потенцираше дека граѓаните ја изгубија вербата затоа што власта не испорача резултати кои ги ветуваше и ја повика владата конечно да престанат да лажат тука да преземат нешто и го подобрат стандардот за да може народот нормално да живее.

„Народот не живее од статистички финти и бројки. Престанете да лажете и земете нешто направете. Државата, Владата не е тоа пи-ар агенција на Мицкоски. На народот му е потребна вистинска помош“, порача Филипче.

Претседателот на СДСМ, Филипче, рече дека економијата е во колапс, индустријата опаѓа, малите бизниси се борат за опстанок, земјоделците се пред банкрот, додека работниците немаат со што да го дочекаат крајот на месецот. „Но тука се и лекарите, наставниците, пензионерите кои сите се оставени сами на себе“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник